Македонската ракометна репрезентација ја исполни зацртаната цел и се пласира во главната групна фаза на Светското првенство во Хрватска,Данска и Норвешка. Во одлучувачкиот натпревар од третото коло на групата Ц, нашите ракометари ја совлада Гвинеја со 29-20 (14-10) и како третопопласирани од групата продолжуваат меѓу 24-те најдобри на турнирот.
Лазаров го внесе Карасманакис во тимот на местото на Митев, а дебитантот од Африка – селекцијата на Гвинеја го потврди тимот од првите два натпревари. Кизиќ почна меѓу стативите, а разигрувач беше Ѓорѓиев. По првите два гола на Африканците, возврати Кузмановски, а Милан Лазаревски во седмата минута го донесе нашето прво водство (2-3). Следеа нереализирани зицери на двете крила и на Маркоски, a не погоди и Пешевски. При 6-5 за македонската репрезентација, селекторот на Гвинеја, Деко побара тајм-аут.
Постигнаа голови Паске и Сисоко и Гвинеја поведе со 6-7 во 19. минута. Возвратија Кузмановски и Ѓорѓиев и „црвено-жолтите“ ја вратија предноста. Кога својот прв погодок го постигна Павле Атанасијевиќ,Македонија првпат поведе со три разлика (11-8). Кизиќ се разбрани, полека погодуваа сите нашите адути и во 27. минута Македонија поведе со +5. На одмор се замина со 14-10, но веќе имаше најави за подобри вибрации во нашиот табор.
Вториот дел започна со голови на Кузмановски и Лазаревски за највисоки шест разлика. Кизиќ одбрани неколку топки и во 39. минута Македонија веќе имаше 20-11. Селекторот на Гвинеја побара минута одмор, но неговите ракометари очигледно ги стигна заморот.
На половина од вториот дел Македонија имаше предност од 24-15 и победникот беше решен. Се обиде нашиот стручен штаб со ротација да го освежи тимот и да брка поубедлива победа во лов на второто место во групата. Сепак, и Гвинеја во нападот беше солидна и натпреварот заврши со гола разлика (29-20). Првиот гол на големите натпреварувања ги постигна Валентин Карасманакис, а во континуитет погодуваше капитенот Кузмановски.
Најефикасни во нашата селекција беа Кузмановски со дванааесет и Костески со четири гола, додека кај Гвинеја се истакна Лилијан Паске со три погодоци. Одличен натпревар запиша и Марко Кизиќ, автор на петнаесет интервенции, а една помалку запиша Рубенс Пјер на спротивната страна. Утре е слободен ден, а во вторник главната групна фаза ја започнуваме против Аврстија во Вараждин.