Поради иранските напади затворено седиштето на најголемата банка во Кувајт

Најголемата банка во Кувајт привремено го затвори седиштето поради иранските напади и влошената безбедносна состојба во регионот.

Најголемата банка во Кувајт, Национална Банка Кувајт , соопшти дека привремено го затвора своето седиште во главниот град поради влошената безбедносна состојба и продолжените ирански напади. Одлуката важи за период од два дена и е донесена со цел да се обезбеди сигурноста на вработените и непречено функционирање на услугите.

Покрај централата во Кувајт затворена е и филијалата во Субхан, која се наоѓа во близина на аеродромот. Од банката наведуваат дека мерката е превентивна и донесена во согласност со актуелните околности.

Оваа одлука следува по извештаи за напад со дрон врз кувајтскиот аеродром, при што биле погодени резервоари за гориво и избувнал голем пожар. Инцидентот дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста во регионот.

Конфликтот меѓу САД, Иран и Израел трае повеќе од еден месец, откако кон крајот на февруари беа извршени напади врз ирански воени и нуклеарни цели. Како одговор, Иран изведе ракетни и дронски напади врз американски бази и цели во регионот, што доведе до проширување на судирите.

И покрај повремените најави за можни преговори, тензиите остануваат високи и засега нема конкретни знаци за брзо завршување на конфликтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни