Купувањето и продажбата на ароматизирани цигари е забрането: Казните се драстични!

Дозволено е да се продаваат производи со 16 дозволени состојки кои даваат вкус на тутун.

Словенија ја забранува продажбата на ароматизирани електронски цигари, а казните се високи.

Оние кои продаваат или нудат забранети ароми ќе треба да платат казни од 3.000 до 5.000 евра.

Купувањето забранети производи преку интернет може да ве чини од 125 до 5.000 евра, а казни се закануваат и на поединци кои ги продаваат или нудат овие производи бесплатно на дигитални платформи, пишува словенечкиот портал 24ur.

Беше најавено дека Здравствениот инспекторат и Даночната управа отсега ќе вршат зголемени контроли.

Според минатогодишните измени на Законот за ограничување на употребата на тутун и сродни производи, продажбата на електронски цигари и рефили со слатки, овошни и билни ароми е забранета во Словенија, без оглед на тоа дали содржат никотин.

Дозволена е продажба на производи со 16 дозволени состојки кои даваат вкус на тутун, соопшти словенечкото Министерство за здравство.

„Истражувањата покажуваат дека електронските цигари ги користат и деца на возраст од 9 до 11 години. Треба да знаете дека тие му штетат на здравјето и содржат канцерогени соединенија. Главната суровина е никотинот, кој влијае на срцето и крвните садови, белите дробови и развојот на мозокот, а исто така предизвикува и зависност“, предупреди Весна Маринко, раководител на Дирекцијата за јавно здравје.

Ароматизираните цигари, особено таканаречените вејпови со слатки и овошни вкусови, доведоа до зголемување на потрошувачката кај малолетниците за дури 200 проценти за само три години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни