Купување куќи во Европа претставува вистински предизвик: Балканот на дното, Скандинавија на врвот

Извештајот на платформата BestBrokers.com ги споредува цените на недвижности и просечните плати во Европа, откривајќи дека Данска е најприфатлива земја за купување куќи. Од друга страна, земји како што се Словачка и Босна и Херцеговина се наоѓаат на дното на листата, каде што е потребно дури и деценија или повеќе за купување недвижности.

Купувањето куќа во Европа зависи од тоа во која земја живеете. Неодмна објавениот извештај ги споредил цените на недвижности со бројот на просечните месечни плати кои се потребни за нивно отплаќање, откривајќи огромни разлики меѓу земјите.

Според истражувањето на платформата BestBrokers.com, Данска е земјата во која најбрзо може да се купи куќа во Европа. Анализирани се цените на недвижности, просечните нето месечни приходи, инфлацијата и „реалните“ каматни стапки на станбени кредити, кои го земаат во предвид влијанието на инфлацијата, во 62 земји во светот.

„Со оглед на тоа што цените и приходите значително варираат од земја до земја, тимот на BestBrokers решил да го разгледа пазарот на недвижности преку бројот на плати кои се потребни за купување куќа во различни европски земји“, се наведува во извештајот.

Анализата не ја земала во предвид храната, станувањето, грижата за деца и другите трошоци, туку пресметката е теоретска. Резултатите покажуваат дека просечната цена на куќа од 100 квадратни метри во Данска изнесува еквивалент на 114 просечни плати, што ја прави најприфатливата земја во Европа за купување недвижности. Парадоксално, Данска беше и најскапата земја во ЕУ за трошоци на живот во 2023 година, со цени на стоки и услуги кои биле 43% над просекот на ЕУ, според податоците на Евростат.

Каде е најтешко да се купи куќа?

На дното на европската листа се наоѓаат Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Чешка и Словачка. Во Словачка просечната цена на куќа од 100 квадратни метри достигнува дури 297 просечни плати, што е скоро 25 години работа. Ако некој би можел да заштеди половина од својата нето плата, се уште би му било потребно дури 50 години за штедење за семејна куќа.

Најприфатливи земји во светот за купување недвижност

Најприфатлива земја во светот за купување куќа во однос на приходите е Јужна Африка, каде што се потребни 71 просечна плата за куќа од 100 квадратни метри. САД се на второ место, со 76 просечни плати, што е приближно шест години годишни приходи. Цените на недвижностите во САД, сепак, значително варираат од држава до држава. На дното на светската листа се наоѓа Непал, каде што за купување куќа се потребни дури 684 просечни плати. Турција е веднаш зад, со 631 плата – што одговара на приходи од повеќе од 52 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни