Фестивалот оваа година ќе се отвори со свеченото доделување на наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Истата вечер, Театар „Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“.
Во текот на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во 11 претстави, меѓу кои „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Бугарија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, и „Ноќ спроти Водици“ на Театар Куманово, која ќе биде премиерно изведена на 8 октомври.
Фестивалот ќе заврши на 9 октомври со доделување награди за најдобри актерски и технички остварувања.