Во сабота, на 16 ноември, со почеток од 19:30 во фоајето на НУ Центар за култура во Битола, ќе биде отворена изложбата на фотографии ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2024.
Изложбата се состои од 26 фотографии изработени од 12 фотографи и е завршен дел од истоимениот проект кој својата прва фаза ја имаше во втората половина на месец јуни 2024 кога беа реализирани едукативни сесии и теренска работа на фотографите учесници во проектот.
Со изложбата се опфатени 12 објекти од Битола и 1 објект од Крушево кои по својот карактер се дел од нашето материјално културно наследство.
Проектот ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2024 е во реализација на Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола. Финансиската поддршка за реализација на проектот ја обезбеди министерството за култура на Северна Македонија, а проектот беше поддржан и од БВ Бизнис Груп Битола.
Сите љубители на фотографијата ќе имаат можност да ги погледнат фотографиите од оваа изложба од 16.11.2024 до 26.11.2024 во фоајето на НУ Центар за култура Битола.