„Културно – Информативниот центар Скопје објави конкурс за драмска дејност 2025

Право на учество имаат сите заинтересирани здруженија, друштва, драмски актери, режисери, драмски писатели, поединци или групи

ЈУ „Културно – Информативен центар“ – Скопје, врз основа на програмата за драмска дејност, објави конкурс за: Драмски претстави (монодрами, дуо драми, камерни драмски претстави) со содржина прилагодена за возрасна публика како и за ученици од средните училишта и повисоките одделенија на основните училишта, поради можност за организирање на групни посети на ученици од основните и средните градски училишта. Претставите треба да се неизведувани, односно премиерно ќе бидат изведени доколку бидат избрани на конкурсот.

Kонкурсот се однесува и на детски драмски претстави, со содржини прилагодени за деца од предучилишна возраст (градинки, забавишта) како и на ученици од основните училишта на возраст до четврто одделение, со можност на организирани групни посети на деца од предучилишна и училишна возраст од градските образовни установи. Претставите треба да се неизведувани, односно премиерно ќе бидат изведени во колку бидат избрани на конкурсот.

Право на учество имаат сите заинтересирани здруженија, друштва, драмски актери, режисери, драмски писатели, поединци или групи. Заинтересираните на еден word документ да достават сосема кус концепт, содржина на проектот, куса биографија, број на актери учесници во драмските претстави и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от: dramska@kic.mk Конкурсот трае до 30 април 2025 година.

Селекцијата на проектите ќе ја изврши комисија составена од членови на ЈУ„Културно- Информативен центар“- Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни