Културниот перформанс на ХЕРА „Простор за разговор“ настапува низ државата

Oд понеделник, 20-ти мај, до 3 јуни, ХЕРА во соработка со Interart Cultural Center – Dance Fest Skopje, го организира културниот перформанс „Простор за разговор“ во шест града во државата.

Проектот е поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ North Macedonia) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.

„Преку културен активизам и перформанс од филм и танци, градиме силни заедници кои ја разбираат важноста на почитувањето на правото на еднаквост. Гласно зборуваме за влијанието на нееднаквоста и стереотипите кои постојат, и потребата од поддршка на исклучените за да постигнеме здраво, хумано и грижливо општество“, велат од ХЕРА.

Перформансите ќе се случуваат на 21 мај во Штип, во Мултимедијалниот центар на УГД, на 22 во Велес, на малата сцена на Народниот Тетатар, на 3 јуни во Охрид во Младинскиот центар во Охрид и во Домот на Културата во Струга.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни