Во сабота во Гостивар со почеток од 19 часот на амфитеатарот покрај кејот ќе се одржи настанот „Културен импулс“, кој ќе содржи изложба на дела на локални артисти, како и неколку музички перформанси.
Целта на овој настан е да се создаде простор каде што младите коишто се заинтересирани за култура ќе можат да бидат заедно, да разменуваат идеи и да ја негуваат својата љубов кон музиката и уметноста. Со настанот се пополнува празнината од недостатокот на културни настани во градот организирани од млади и се поттикнува организација на вакви настани и во иднина.
„Културен импулс“ се случува во организација на Дона Илијевска, како дел од програмата „Акции за заедницата: Мобилизирање на граѓан(к)ите за локални решенија“ поддржан од National Endowment for Democracy.