Културен фронт за одбрана на Колективниот договор: Културните работници утре на протест пред министерството

Овој Колективен договор е правен по европски начала, кон кои вие јавно само паушално се стремите, цитиран како најдобар пример за Колективен договор, а претставува унапредување на правата и подобро утре за сите културни работници

Утре во 11 часот пред Министерството за култура вработените во култура ќе одржат протестен собир против како што велат неуставноста на Колективниот договор за култура.

„Во услови кога од сите страни добиваме “закани” за укинување, поништување и неуставност на Колективниот договор за култура, ве повикуваме на протестен совет во проширен состав на 11.04.2025 година (петок) . Да се собереме, да кажеме и покажеме како се чува Колективен договор! За овој Колективен договор, ние културните работници, не се боревме цели 15 години за да сега, вие кои бевте и рамо до рамо со нас на протести да пробувате да го ништите. Почитуван министер за култура Зоран Љутков ќе го почитувате ли Колективниот договор за култура. Овој Колективен договор е правен по европски начала, кон кои вие јавно само паушално се стремите, цитиран како најдобар пример за Колективен договор, а претставува унапредување на правата и подобро утре за сите културни работници!Овој Колективен договор никој не ни го поклони, за да можете денес да се расфрлате со него како обичен ништовен лист хартија и да се заканувате со негово укинување и поништување“ порача Синдикатот за култура.

Тие испратија порака и до професорот Лазар Јовевски, советник по трудово право на премиерот Христијан Мицковски, пред да се заканува со поништување на Колективниот договор за култура, да се сети што се пишувал неодамна во неговите книги и дека на истиот принцип коефициент по минимална плата ја зема и неговата професорска плата, како што ќе ја земаат и сите професори кои се сега во Владата.

„Дали и вашиот Колективен договор е штетен како и нашиот? Или за Вас ја задржавте најдобрата win win комбинација? И немојте да се воздржувате од коментари по ова прашање, туку јавно одговорете“ порачаа синдикалците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни