Во рамки на фестивалот „Комшилук“ кој утре се случува во село Побожје, Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ продолжува со својот циклус поетски читања „Поетска епизода“.
На ова издание на „Поетска епизода“ ќе настапат десетмина поети и тоа: Марија Велинова, Ива Петреска, Владимир Мартиновски, Викторија Ангеловска, Марија Ангеловска, Александра Спасевска, Стефан Спасовски, како и младите поети Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски кои и ќе го модерираат настанот. Настанот ќе се одвива во периодот од 11:30 до 12:30 во една од куќите во с. Побожје во скопската околија каде што се случува фестивалот „Комшилук“ каде што, покрај поетското читање, ќе се одржат и низа други настани како свирки, концерти, настапи на културно-уметнички друштва, изложби, работилници и предавања, како и послужување
на храна припремена од локалните жители.
Со овој настан „Култура Бета“ ги започнува своите програмски активности за вториот дел од годината.