Култното „Мапет шоу“ се врати на екраните

Во продукција на Дизни + излезе нова епизода од култното „Мапет Шоу“ со што се одбележа 50 годишнината од првото емитување на оваа емисија

На четврти февруари, во продукција на Дизни + на четврти февруари излезе нова епизода од култното „Мапет Шоу“ со што се одбележа 50 годишнината од првото емитување на оваа емисија.

Добро познатите ликови како Кермит, Гонзо, Мис Пиги, Роулф и останатите мапети во полчасовно шоу со своите згоди и незгоди ја забавуваат публиката, а генерациите Х и Y ги враќаат во нивното безгрижно детство.

Специјалот започнува во темен, празен театар Мапет, каде што Роулф ја свири песната „Rainbow Connection “ на пијано. Борегард го брише правот од ходникот, а Кермит пристигнува, пали светла и размислува за историјата на шоуто пред да сфати дека е време да се започне одново.

Во специјалот глумат изведувачите на Мапетите Бил Барета, Дејв Гоелц, Ерик Џејкобсон,
Питер Линц , Дејвид Рудман и Мет Вогел, кои ги изведуваат повеќето од ликовите на Мапетите, заедно со споредна екипа од дополнителни изведувачи.

Како специјални гости се појавуваат комичарите Сабрина Карпентер,  Маја Рудолф и Сет Роген, кои се и продуценти на шоуто.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни