Иако се сметаше за неуспешна по својата премиера, хорор-комедијата Jennifer’s Body доживеа ренесанса во изминатите неколку години. Хоророт во режија на Карин Кусама, во кој главните улоги ги толкуваат Меган Фокс и Аманда Сејфрид, многу критичари го поздравуваат како еден од најдобрите феминистички одмазднички филмови.
Телото на Џенифер следи две средношколки, Џенифер (Фокс) и Неди (Сејфрид), од мал град во Минесота. Откако Џенифер станува жртва на сатанистички ритуал кој тргнал наопаку, популарната средношколка се враќа од мртвите, но како демон кој ги убива своите соученици…
Според извори од филмската индустрија има шпекулации за можни продолженија, но за сега не се откриваат детали.
Што мислите вие?
Извор: index.hr