Култниот бренд Вартекс пропадна!

Трговскиот суд во Вараждин за 20-ти март закажа собрание на доверители на компанијата Varteks, на кое ќе се одлучува за продажба на движни и недвижни имоти на компанијата кои не се потребни доколку се продолжи со производството.

Varteks е еден од најпознатите и најдолговечните брендови на Балканот, кој има долгогодишна историја во производството на облека, најчесто со фокус на формални и свечени костуми. Основан во 1953 година, Varteks стана симбол на квалитет и традиција во текстилната индустрија, не само во Хрватска, туку и во регионот, вклучувајќи ја и Македонија. Во текот на својата долгогодишна работа, компанијата имала неколку продавници низ Македонија, каде што понудата вклучувала високо квалитетна облека за мажи, а брендот беше познат по својата елеганција и стил.

Varteks, и покрај својата традиција, не успеа да се адаптира на промените во текстилната индустрија и предизвиците на пазарот. Со години се бореше со намалување на продажбата и финансиски проблеми, што на крај доведе до стечај и продажба на имотот.


Продажбата на имотот ќе се спроведе на предлог на стечајниот управник Томислав Ѓуричин. За движните имоти, продажната цена ќе биде одредена како 10% од набавната вредност за сите имоти чие вредност е целосно амортизирана. За оние кои не се целосно амортизирани, цената ќе се утврди како износ поголем од сегашната книговодствена вредност или 10% од набавната вредност. Доколку овие имоти не се продадат по првото објавување, продажбата ќе продолжи со дополнително намалување на цената за 25% во однос на претходната цена.

Продажбата на недвижниот имот ќе биде објавена на веб-страницата на Судската мрежа, а понудите ќе се собираат во рок од 15 дена од објавата. Почетната цена ќе биде проценета од судски вештак, а доколку не се продадат на првата објава, цената ќе се намали за 25% во следните објави.

Стечајот беше отворен во јули 2024 година, а одлуката за продажба на имотот доаѓа по одлуката на доверителите да се овласти стечајниот управник да поднесе понуда за Министерството за одбрана (МОРХ) за набавка на службени и свечени униформи, без разлика на одлуката донесена во јануари дека производството нема да продолжи.

На состанокот одржан на 12-ти февруари, за понудата на МОРХ гласале доверителите чии вкупни побарувања изнесуваат 9.26 милиони евра, додека против биле оние со побарувања од 2.31 милион евра. D доверителите на Varteks веќе одлучија дека производството нема да продолжи, но дека ќе продолжи да се продава стока и одржување на „ладната“ производствена линија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни