Во Македонска опера и балет, на 30 ноември 2024 година, почеток 19:00 часот, ќе биде изведена култната српска театарска претстава „Хотел 88“. Од својата премиера во 2017 година до денес, претставата Хотел 88 се здоби со статус на култна претстава не само во Белград и Србија туку и надвор од границите на државата.
Досега претставата е изведена над 500 пати, а ја виделе повеќе од 100.000 луѓе. Во претставата играат едни од најдобрите актерки и актери од нивните генерации, Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ.
Дејството на претставата се одвива во луксузен хотел, каде што младата брачна двојка Виктор и Ана доаѓа да помине романтичен меден месец. Сандра и Марко, уште еден брачен пар, исто така доаѓаат во истиот хотел, со истата цел.
Сето ова би било многу убаво и романтично доколку Викторовата Ана и Сандриниот Марко претходно не биле во многу романтична врска и бурен брак. Во текот на една ноќ, животите на овие четворица луѓе ќе доживеат страсни, но и урнебесни промени.