Култната претстава „Хотел 88“ на 30-ти ноември во Скопје

Играат врвните актери Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ

Сите кои сакаат вечер исполнета со забава, смеа и романтични заплети на 30-ти ноември задолжително треба да појдат во Националната опера и балет каде ќе се одигра претставата „Хотел 88“.

Од својата премиера во 2017 година, претставата „Хотел 88“ стекна култен статус, не само во Белград и во Србија, туку и надвор од границите на државата. Со повеќе од 500 изведби и над 100.000 гледачи, таа и понатаму го привлекува вниманието на публиката и продолжува да воодушевува.

Дејството на претставата се одвива во луксузен хотел, каде што две брачни двојки — Виктор и Ана, и Сандра и Марко — доаѓаат за да поминат романтичен меден месец. Но, компликациите започнуваат кога се открива дека Ана и Марко имаат бурна и романтична историја, што доведува до страсни и комични пресврти во текот на една судбоносна ноќ.

„Хотел 88“ е комедија која со леснотија ги обработува темите за љубовта, неверството и предизвиците на брачните односи. Преку смешни и неочекувани ситуации, претставата ги истражува тенките граници помеѓу страсната љубов и вистинските животни проблеми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни