„Култиватор филм“ во Кино Карпош

Прошетка (The Walk) на Елеонора Венинова, Шарац (Sharatz) на Димитар Банов и Christiania на Никола Поповски и Борјан Јовановски се трите филма кои ќе бидат прикажани на фестивалот

Прошетка (The Walk) на Елеонора Венинова, Шарац (Sharatz) на Димитар Банов и Christiania на Никола Поповски и Борјан Јовановски се трите филма кои ќе бидат прикажани на „Култиватор филм“ во Кино Карпош од 30 септември од 3 октомври.

Девојче и нејзината придружничка шетаат и разговараат за животот и што се случува по него е приказната на Прошетка (The Walk) на Елеонора Венинова. Шарац (Sharatz) на Димитар Банов ја обработува приказната на Марко Ковачевски (76) кој по откривањето на неговата срцева состојба (аритмија) ја губи волјата за секој социјален живот. Цел ден пуши цигари, пие кафиња и гледа квизови. Три години Марко не сака ни да оди на редовна закажана лекарска контрола. Сè почнува да се менува кога тој добива неочекуван телефонски повик од неговиот син Алек (40), кој во овој момент е во клубот со многу добрата средношколска другарка на таткото Жана (75). Жана го информира Марко дека многу луѓе од нивната гимназиска генерација одат во клубот да играат квизови, да вежбаат јога и да прават многу други активности. Полека но сигурно Марко собира храброст да стане и да оди во клубот. Неговите први два обиди се неуспешни, но кога конечно ќе се соочи со пријателите од детството, тој им се придружува во квиз тимот и победува. Неговиот дух е променет, летаргијата ја нема и Марко се турка да закаже лекарска контрола, на големо и огромно изненадување на неговата сопруга Билјана.

Christiania на Никола Поповски и Борјан Јовановски ја обработуваат темата на социјалната солидарност на познатиот дански либерализам во 1971 година кој ѝ овозможи на една мала група луѓе да создадат своја „држава“, денес позната како Кристијанија.

Борјан Јовановски во данската европска приказна ни ја приближува идејата позади социјалниот експеримент Кристијанија, кој има за цел да создаде самоуправно општество, при што секој поединец е одговорен за благосостојбата на целата заедница.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни