Тодор Кулаков денеска на протестниот марш обвини дека секој кој изгубил дете се соочува со организиран систем што не може да се нарече правосуден, зашто е во колизија со она што го врши.

Тој обвини дека правосудниот систем создава неправди што ги погодува сите блиски на загинатите. Кулаков попладнево зборуваше во текот на протестниот марш поради 12 годишната затворска казна што вчера судот му ја изрече на Васил Јованов.