Годишниот натпревар во сурфање за кучиња се одржува во Дел Мар, северно од Сан Диего, а домаќин е Helen Woodward Animal Center, шелтер за животни во Сан Диего чие мото е „Луѓето им помагаат на животните и животните им помагаат на луѓето“.
Инструкторот за сурфање за кучиња, Скот Овенс, чиј два далматинци Бентли и Бејли обично се со него во вода, вели дека сурфањето со нив редовно привлекува публика.
„Понекогаш прават одредени движења, како враќање наназад или вртење, до едноставно лежење или цврсто ‘јавање на бранови’. Се чини дека знаат кога е вистинскиот момент за да го фатат бранот“ вели Овенс.
Натпреварот во сурфање за кучиња започнал пред 18 години со цел да се соберат пари за домашните миленици и програмите за животни. Се одржува на плажа за кучиња во Дел Мар.
Извор: ХРТ