Кучето може да ви биде сведок на венчавката во Колорадо

Фото: YouTube

Колорадо е единствената држава во САД која нуди единствена прилика, вашето куче да ви биде сведок на венчавката и наместо потпис може да остави отисок од шепата.

Оваа одлука беше добредојдена од паровите кои својот домашен миленик го сметаат за член на семејството. Сега на венчавките во Колорадо дозволена е комбинација на човечки и животински сведоци на венчавките.

Најважно е своите миленици да ги научите да бидат смирени за време на церемонијата, за да не ја попречуваат.

Ова правило не важи само за кучиња, туку сведоци може да бидат и мачки, зајаци, птици…речиси сите домашни миленици.

Во Колорадо, на паровите не им е потребен службеник или сведок за да се венчаат. Паровите може тоа да го направат сами, а бракот ќе биде легален насекаде.

Колорадо е државата во која е најлесно да се склучи брак. Не постои никаква листа на чекање. Дозволите за склучување на брак може да се добијат од било кој наменски службеник во државата, но мора да бидат поднесени на истата локација од која сте ги зеле.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни