Сметајќи дека дотраениот душек е парче отпад, го извадила од гаражата на сопственичката, постара жена, и го однела на градската депонија. Премногу вредната куќна помошничка не знаела дека сопственичката го користела душекот за складирање пари, накит и кредитни картички.
По неколку часа, постарата жена забележала дека душекот повеќе не е на своето место, па нејзината ќерка веднаш стапила во контакт со полицијата, која заедно со локалните општински службеници отишла на депонијата.
Отпрвин потрагата се покажала неуспешна, а потоа еден час подоцна во контејнерот бил пронајден душекот, а богатството во него биле недопрено.