Повеќето стогодишници ја имаат истата крвна група

Истражувањата покажуваат дека крвната група 0 е најчеста меѓу луѓето кои живеат над 100 години и може да има врска со помал ризик од сериозни болести

Долгиот животен век, покрај начинот на живот и околината, сè почесто се поврзува и со генетските фактори – меѓу кои и крвната група. Секоја крвна група носи одредени предности и слабости, но научните податоци укажуваат дека една од нив се издвојува кога станува збор за долговечноста.

Станува збор за крвната група 0, која според повеќе истражувања е најчесто застапена кај луѓето кои доживуваат длабока старост.

Помал ризик од сериозни заболувања

Научните анализи покажуваат дека лицата со крвна група 0 имаат понизок ризик од низа сериозни заболувања, меѓу кои срцев и мозочен удар, кардиоваскуларни болести, како и одредени видови рак, особено на панкреасот и желудникот.

Една од можните причини за ова е фактот што крвта кај оваа група содржи помалку молекули кои придонесуваат за згрутчување. Бидејќи голем дел од срцевите и мозочните удари се резултат на тромбоза, оваа карактеристика може да значи значајна заштита на долг рок.

Гените и тајните на долговечноста

Во научен труд објавен во списанието PLOS Genetics, тим истражувачи предводен од професорот Стјуарт Ким од Универзитетот Стенфорд анализирал генетски податоци од околу 800 стогодишници и 5.400 луѓе во деведесеттите години од животот.

Истражувањето покажало дека кај стогодишниците почесто се јавуваат специфични варијации во четири гени поврзани со процесот на стареење. Тие вклучуваат ген задолжен за клеточна делба, ген поврзан со крвната група, ген кој влијае на ризикот од Алцхајмерова болест и ген асоциран со продолжен животен век.

Според истражувачите, луѓето кои живеат подолго често имаат помал број гени поврзани со хронични заболувања, што значи дека не само што живеат подолго, туку и подолго остануваат здрави.

„Откривме дека луѓето живеат подолго, барем делумно, затоа што поретко се разболуваат“, изјави Ким, додавајќи дека можно е да постојат и дополнителни заштитни фактори против стареење кои науката допрва треба целосно да ги открие.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни