Крварењето од нос (епистакса) е честа појава кај децата и во најголем број случаи не е опасно – најчесто запира само од себе и не остава последици.
Кај децата, крварењето обично е резултат на сув воздух или иритирана носна слузница, чепкање на нос, настинки и инфекции и мали повреди.
Овие се локални и безопасни причини и ретко бараат посериозен третман.
Кога може да биде знак за нешто посериозно?
Иако ретко, понекогаш зад крварењето може да стојат и посериозни состојби, како нарушувања на згрутчување на крвта, одредени хематолошки заболувања, висок крвен притисок и посериозни повреди или синдроми.
Кога да се загрижите?
Побарај лекар ако крварењето е често (се повторува повеќе пати неделно), трае подолго од 10–15 минути е многу обилно, детето има и други симптоми (замор, модринки, бледило) и се јавува без очигледна причина.
Што ако стане хроничен проблем?
Во ретки случаи, ако епистакса стане хронична и го нарушува секојдневието, може да се применат каутеризација (спалување на крвни садови), тампонада (компресија на носот) и хируршки зафати
Постојат и понови, неинвазивни методи со висока успешност, базирани на лекови што го намалуваат создавањето нови крвни садови.
Како правилно да реагирате дома?
Кога детето има крварење од нос нека седи исправено (не да лежи!). Нежно притиснете го мекиот дел од носот 10 минути. Главата да биде малку наведната напред (не назад)
Во најголем број случаи, крварењето од нос кај деца е безопасно. Но ако станува често, долго или необично, тоа е сигнал дека треба да се провери причината.