Крушево низ Корија 2024

Во сабота на 17 август и недела 18 август ќе се одржи манифестацијата ,,Крушево низ Корија 2024″.

Настанот започнува во сабота со пристигнување на учесниците и формирање на кампот на Мечкин камен.Од 10.00 до 15.00 часот се тандем летови со параглајдер, додека во 18.00 часот започнува-дегустација на SLOW FOOD производи. Денот завршува со концерт на The Dreamers во кампот на Мечкин камен.

Во недела слрдува уште една параглајдерска тура.

,,Покрај велосипедската и планинарската тура и оваа година традиционално продолжуваме со тандем летовите со параглајдер….учесниците на фестивалот ќе го имаат задоволството да летаат со професионалните пилоти на SKY RIDERS по повластени цени…летот ќе чини 3.000 денари со вклучено фотографирање и превоз до полетувалиштето на Мечкин камен…Ако уште не сте летале со параглајдер и не сте ја погледнале Пелагонија од птичја перспектива искористете ја шансата”, порачуваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни