На 16 и 17 август во Крушево ќе се одржи новото, единаесетто по ред издание на ,,Крушево низ корија” кое освен велосипедска и планинарска тура, ќе понуди и тандем летови со параглајдер.
Програмата на настанот започнува на 16 август во 11 часот со пристигнување на учесниците и формирање на кампот. Продолжува со тандем летови со параглајдер, дегустација на SLOW FOOD производи, забава во кампот на Мечкин Камен, Крушево.
Во недела на 16 август, програмата е резервирана за тандем летање со параглајдер. Учесниците ќе имаат можност да летаат со професионалните пилоти на SKY RIDERS на настанот и да ја видат Пелагонија од птичја перспектива. Паралелно на програмата ќе се одвива брифинг за учесниците на планинарската тура, пред стартот.
На фејсбук настанот на ова издание може да се прочитаат повеќе информации за самите тури низ Крушево и нивното траење, како и повеќе информации околу распоредот и времетраењето на настаните.
Организаторот го задржува правото за менување на програмата, за што посетителите однапред ќе бидат известени.