Крунисањето на британскиот крал Чарлс и кралицата Камила, минатата година чинело 72 милиони фунти, се наведува во извештајот на владата, додека за погребот на кралицата Елизабета биле издвоени двојно повеќе средства.
Чарлс и Камила беа крунисани на 6. мај 2023 година на најголемата церемонија во Британија во последните 70 години. Церемонијата беше многу свечена и раскошна, присуствуваа стотици светски лидери, а низ целиот свет ја следеа милиони луѓе преку телевизиски приемници.
Во годишниот извештај на Одделот за култура (DCMS), кој беше одговорен за организацијата на крунисувањето, се наведува дека самата организација чинела 50,3 милиони фунти, со дополнителни 21,7 милиони фунти за трошоците за осигурување.
За споредба, трошоците за погребот на кралицата Елизабета и придружните настани се проценуваат на 162 милиони фунти.
Крунисувањето на Чарлс било поскромно од крунисувањето на неговите претходници, вклучувајќи го и на неговата мајка, и одразувало премин во поновата ера и фактот дека се одржало во време на финансиски потешкотии за многу Британци.
Иако критичарите тогаш рекоа дека таквите трошоци не се соодветни во време кога населението се соочува со криза на животните трошоци, DCMS рече дека тоа е „момент кој се случува еднаш во генерација“.
„Беше тоа можност за целата земја да се собере на прослава, а на населението му беше дадена единствена можност да слави, да го зајакне националниот идентитет и да го претстави Обединетото Кралство во светот.“
Одделот истакна дека настанот генерирал повеќе од 100.000 вести и дека бил следен од околу две милијарди луѓе во 125 земји низ целиот свет.