Криза со водoснабдување во Скопје: Неконтролирана потрошувачка на вода во Скопје

Во најголемите летни горештини кога температурите се над 40 степени, голем дел од градот Скопје е без вода и граѓаните реагираат на прекините во водоснабувањето. Од друга страна, од Водовод информираат и апелираат дека има неконтролирана потрошувачка на вода која го оптоварува системот и резултира со прекин на снабдувањето во некои делови од градот. Снабдувањето со вода од пред два дена е проблем и за болниците.

Во најголемите летни горештини кога температурите се над 40 степени, голем дел од градот Скопје е без вода и граѓаните реагираат на прекините во водоснабувањето. Од друга страна, од Водовод информираат и апелираат дека има неконтролирана потрошувачка на вода која го оптоварува системот и резултира со прекин на снабдувањето во некои делови од градот. Снабдувањето со вода од пред два дена е проблем и за болниците. Министерството за здравство известува дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата– Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи.

Во соопштението за граѓаните од од ЈП Водовод и канализација велат:

Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.

Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува од природен извор со ограничени количини вода за пиење од непроценлива вредност, АПЕЛИРАМЕ до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл. Воедно и апелираме до органите на локалната самоуправа, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку Месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење.

Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.

Министерството за здравство ја следи состојбата и по нормализирање на водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, непречено ќе продолжи хоспитализацијата на пациентите во оваа јавна здравствена установа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни