Секторот за внатрешни работи Струга информира дека против две лица поднел кривични пријави поради постоење основани сомненија за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 20.04.2025 година, Н.Ц. (42) од Струга на својата нива во близина на регионалниот пат Струга-Калиште, запалил отпад, по што пожарот се проширил на штала и ниска вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга.
„Исто така, поднесена е кривична пријава против Ф.С. (59) од село Ливади во Струшко поради постоење основани сомненија за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 08.07.2025 година, додека обработувал нива во атарот на истото село, предизвикал пожар кој брзо се проширил на соседните ниви засадени со житни култури, како и на блиската депонија“, велат од Министерството за внатрешни работи.