Освета го претвори Крит во воена зона: најмалку тројца загинати по крвавиот вооружен напад

Насилството ескалираше на грчкиот остров Крит по семејна расправија која се претвори во вооружен конфликт меѓу локални жители. Според грчките медиуми, најмалку тројца луѓе се убиени, а неколкумина се тешко повредени во престрелка која траела со часови.

Грчкиот остров Крит беше потресен од крвав вооружен инцидент, кој локалните медиуми го опишуваат како „вистинска воена зона“. Според извештаите на грчкиот портал Kathimerini, најмалку тројца луѓе загинале, а четворица се ранети во вооружена пресметка што избила во близина на селото Меси, во областа Ретимно.

Сѐ започнало по семејна расправија меѓу две локални фамилии, која прераснала во крвава освета, откако едниот клан отворил оган со автоматско оружје. Полицијата соопшти дека меѓу загинатите има и случаен минувач, додека вооружените лица побегнале во планинскиот предел околу селото.

Специјални полициски сили беа распоредени во регионот, а воени хеликоптери учествуваа во потрагата по напаѓачите. Градоначалникот на Ретимно го опиша инцидентот како „најсериозниот вооружен судир на островот во последната деценија“, предупредувајќи дека Крит се соочува со „загрижувачка култура на насилна одмазда“.

Грчкиот министер за јавна безбедност Јанис Оиконому изјави дека „државата нема да толерира клановско насилство“ и дека сите сторители ќе бидат изведени пред правдата.

Во меѓувреме, локалните медиуми јавуваат дека дел од насилството било снимано со мобилни телефони и објавено на социјалните мрежи, што дополнително ја вознемири јавноста.

Полицијата ги предупреди жителите да останат во домовите додека трае потрагата, а јавните институции во регионот денес останаа затворени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни