Кристијано Роналдо и Георгина Родригез конечно се верија

По девет години врска, португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез конечно стапуваат во брак.

Веста ја потврди самата Георгина (31) преку објава на Instagram, каде што сподели фотографија од својата рака со голем веренички прстен, поставена врз раката на Роналдо (40). Во описот, таа напиша емотивна порака: „Да, прифаќам. Во овој и во сите мои животи.“

Парот е заедно од 2016 година, а Роналдо во минатото изјави дека е „1000 отсто сигурен“ дека ќе ја ожени Георгина, но досега избегнуваше да го направи големиот чекор.

Според британските медиуми, шпекулации за свршувачката започнаа уште во април, кога Георгина објави фотографија со друг прстен, но сега потврдата е официјална.

Извор: The Sun

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни