Кристална ноќ во Третиот Рајх – најава на Холокаустот

На 9 и 10 ноември 1938 година се случи Кристална ноќ – масовен погром на Евреите во нацистичка Германија. Овој настан ја означи почетната фаза на Холокаустот и систематското прогонување на еврејската заедница.

На денешен ден во 1938 година се случи Кристална ноќ, масовен погром врз еврејското население во тогашниот Трети Рајх. Настанот се случи по убиството на германски дипломат, извршено од тинејџер еврејско потекло од Полска. За време на ноќта од 9 кон 10 ноември, симпатизери на нацистичката партија и паравојни единици ги избркаа Евреите од нивните домови, ги уништуваа нивните дуќани и го палат нивните синагоги. Полицијата главно не реагираше, а во некои случаи дури и се приклучи на насилствата.

Евреите во нацистичка Германија

Антисемитизмот во Европа беше широко присутен во првата половина на 20 век, но во тоталитарна Германија границите беа поместени. Германските Евреи се соочуваа со антисемитски закони уште од доаѓањето на нацистите на власт во 1933 година.

  • 1933 година – забрана за работа во државните служби.
  • 1935 година – забрана за бракови и сексуални односи меѓу Евреи и аријци.
  • 1938 година – забрана за работа како лекари, професори и адвокати; ускратено финансирање за еврејски уметници; забрана за отворање на дуќани.

Нацистичката власт им кажа на граѓаните дека Еврeите се “граѓани од втор ред”.

Атентатот во Париз како повод за погромот

На 7 ноември 1938 година се случи пукање во германската амбасада во Париз. Младиот Хершел Гриншпан го застрела дипломатот Ернст фон Рат, како реакција на депортацијата на неговото семејство во Полска во тешки услови.

Рат почина два дена подоцна, а нацијата беше убедена дека станува збор за доказ за “светска еврејска заверa против Германците”. Нацистите веќе долго време подготвуваа прогон на Евреите, а убиството на дипломатот беше идеална алиби за прикажување на Кристалната ноќ како “спонтана” акција.

Ноќта на уништување и насилство

Во ноќта од 9 кон 10 ноември, околу 10.000 симпатизери на нацистите и членови на СС започнаа да ги уништуваат еврејските домови и деловни простории. Најинтензивно беше во големите градови како Берлин, Хамбург и Виена, но и помалите градови беа погодени.

Властите се обидуваа да прикажат дека настанот бил спонтан, но всушност беше внимателно организиран, со главна улога на Јозеф Гебелс.

  • 7.500 уништени еврејски дуќани
  • 250 запалени синагоги
  • Нападнати многу домови и гробишта
  • 30.000 Евреи претепани, уапсени или испратени во логори

Закони донесени една година претходно бараа од Евреите да ја пријават својата имот, па нацистите ја конфискуваа имотната сопственост за да ја доделат на членови на партијата.

Кристалната ноќ беше предвесник на Холокаустот. Кога нацистите увидоа дека погромот минал без голем отпор од населението, продолжија со систематско прогонување, затворања и убиства, што резултираше со смртта на повеќе од шест милиони Евреи до крајот на Втората светска војна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни