Криптовалутите тонат под притисок од Блискиот исток и јакиот долар

Индексот на страв и алчност за биткоин денес се наоѓа на ниво 13 — во категоријата „екстремен страв”, а одливот од ETF фондови го засилува притисокот.
Фото: Jorge Franganillo/Flickr

Вредноста на биткоинот на берзата Бајненс денес падна за скоро 5 отсто на 57.497 евра. Заедно со него, во минус завршија сите водечки криптовалути, а аналитичарите како главни причини ги посочуваат геополитичките тензии поради војната на Блискиот исток и јакнењето на американскиот долар.

Соланата забележа највисок пад, итиријумот и BNB следат

Соланата (SOL) денес изгуби 5,46 отсто од вредноста и се тргува на 72,22 евра, додека итиријумот (ETH) падна за 4,72 отсто на 1.720,73 евра. Вредноста на Бајненс коинот (BNB) се намали за 3,63 отсто на 529,24 евра, а Аваланш (AVAX) падна за 5,16 отсто на 7,66 евра. Токоинот на Телеграм (TON) се продава за 1,07 евра, пад од 4,65 отсто.

Одлив од ETF фондови и јакнење на доларот го засилуваат падот

Покрај геополитичките стравови, платформата Коиндеск посочува на значаен одлив на капитал од ETF фондовите кои ги следат спот-цените на биткоинот. Дополнителен притисок врши и јакнењето на американскиот долар, кое историски негативно влијае на криптопазарот. Вкупниот обем на тргување со биткоин за последните 24 часа изнесуваше 39,33 милијарди евра, повеќе отколку претходниот ден, пренесува Бизпортал.

Индексот на страв речиси го достигна дното

Индексот на страв и алчност (Fear and Greed Index) за биткоин денес се наоѓа на ниво 13, во категоријата „екстремен страв” — мало подобрување во споредба со вчерашното ниво од 10 во истата категорија. Денес најмногу се тргува со биткоин, итиријум и солана.

извор: bizportal.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни