Крипто-манија на славните – инвестираат милиони во криптовалути

Дел од овој дигитален универзум стануваат фудбалери, музичари и филмски ѕвезди

За многу спортисти, примањето плата во биткоини стана начин за обезбедување дополнителна заработка и учество во финансиски експеримент. Примерите како ѕвездите на НФЛ Одел Бекам Џуниор и Арон Роџерс дополнително придонесоа за популаризација на криптовалутите во спортскиот свет.

Роџерс, кој е еден од најдобрите бекови на сите времиња, верува дека крипто ќе стане доминантен финансиски систем во блиска иднина. Неговиот потег со Cash App беше начин да се тестира како би изгледала иднината на дигиталната валута. Бекам Јуниор, пак, при преселбата во Лос Анџелес Рамс, потпиша договор со кој се овозможува исплата на 4,25 милиони долари во биткоини.

Во светот на фудбалот големо внимание предизвика и Лионел Меси кога прифати дел од договорот со ПСЖ во навивачки токени на ПСЖ. Вклучувањето на Меси во овој проект ја подигна вредноста на токенот на ПСЖ, а овој потег ги инспирираше другите клубови да истражат начини на кои би можеле да вклучат крипто технологија во нивниот однос со навивачите.

И Снуп Дог веќе експериментира со дигитални валути и NFT проекти, бидејќи стана сопственик на NFT колекција вредна милиони долари. Неговото име стана синоним за крипто и NFT заедницата, а тој го прошири своето портфолио на инвестиции преку проекти како „Snoopverse“ во рамките на платформата Sandbox. Овој „виртуелен свет“ им овозможува на фановите да купат дигитални билети и да присуствуваат на концерти во метаверс, каде што Снуп е еден од пионерите. Во просторот NFT стана активен и Еминем, стекнувајќи дигитална уметност и приклучувајќи се на заедницата како колекционер.

И покрај критиките, Мет Дејмон стана едно од најпрепознатливите лица на крипто рекламирањето преку промоцијата на Crypto.com. Неговата глобална кампања „Fortune Favors the Brave“ наиде на различни реакции, но секако ја подигна свеста за криптовалутите кај пошироката јавност.
Од друга страна, Мила Кунис го лансираше својот NFT проект „Stoner Cats“, серија анимирани епизоди за мачки кои преку интересни авантури испраќаат порака за крипто културата. Таа е една од ретките примери на познати личности кои користат крипто како уметничка алатка за создавање автентични проекти.

Популаризацијата на крипто валутите меѓу познатите од една страна е можност за ширење на свеста за криптовалутите, но од друга страна, е и ризик поради самата природа на овој пазар, кој е многу нестабилен. Голем број следбеници на овие познати личности лесно можат да бидат инспирирани да влезат во крипто, што може да донесе и позитивни и негативни последици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни