Крилче – нова детска сликовница во издание на Артконект

„Крилче“ од авторките Клаудија Лагерман и Ханке Сименсма е прекрасна сликовница за деца над три годишна возраст. Главниот лик во оваа книга, Крилче, е птица. Тој има клун, две нозе и две крилја. Па, сепак, Крилче не е како другите птици… Крилче има страв од летање.  Така, кога неговите пријатели наесен ќе заминат во топлите јужни краишта, Крилче ќе остане сам. Сепак, Крилче можеби е плашлив, но тој има златно срце. Помагајќи им на сите животни што ќе ги сретне, тој за некое време ќе стане вистински херој.

Авторката Клаудија Лагерман работи како уредница во холандскиот весник за деца „Кидсвик“ и работи на развој на детски програми за холандската национална телевизија. „Крилче“ е нејзина прва сликовница.

Илустраторката Ханке Сименсма студирала на Кралската уметничка академија во Хаг. За нејзините илустрации во книгата „Малиот мудар волк“ ја добила наградата за најдобра детска книга на „Бенк стрит“ колеџот во 2021 г.

Оваа книга е објавена во рамки на проектот „Соочување со неизвесноста: современа европска литература“ што издавачката куќа Артконект го реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни