Денес, први април, со почеток од 19:00 часот, во КСП Центар – Јадро, ќе започне фестивалот за критичка култура 2026 – КРИК во релација со овогодинешната тема „Грижа: начини да се биде заедно“.
Фестивалот ќе се одвива од април, па сè до доцна есен.
Програмата започнува со две предавања кои ја поставуваат рамката на фестивалот: „Кураторство – грижата како задоволство и модел на работа“ од Франциска Вернер и „Грижа за граѓанската заедница“ од Карена Шлевит-Смит.
Во мај, програмата продолжува со програмата „Критичко читање преку филм“, во соработка со Фестивалот за човекови права од Загреб, курирана од Петар Милат. Селекцијата документарни филмови кои ја истражуваат емпатијата, солидарноста и заедничката одговорност.
Во срцето на фестивалот, кон крајот на јуни, ќе следи серија јавни презентации посветени на три влијателни книги кои го обликуваат тематскиот хоризонт на изданието: „Пиратска грижа“ претставена од авторите Томислав Медак, Валерија Грациано и Марсел Марс, „Овој живот: Секуларна вера и духовна солобода“ од Мартин Хеглунд, а на крајот, Алиса Жулина и нејзината исклучително важна тетатролошка и политичко филозофска книга, „Театарот на капиталот: модерната драма и економскиот живот“ (Theater of Capital: Modern Drama and Economic Life).
Фестивалот продолжува во септември и октомври со уметничката програма, преку изложби, перформанси и интервенции во просторот.