Во модерното време, кога дигиталните уреди заземаа централно место во нашите животи, Милан се стреми да не врати на маса. Тој е страствен креатор на друштвени игри. Со уникатниот проект „Кризико“, инспириран од сеќавањата на Југославија, Милан ги спојува носталгијата и образованието во динамична игра за целото семејство.
Во интервју за „Биз лајф“ тој открива дека целта на играта е да ги поврзе генерациите, за постарите да им раскажуваат на помладите како било некогаш, но и сите да се забавуваат.
Тој објаснува дека главна инспирација за играта му била носталгијата за Југославија, иако не живеел во тоа време.
Милан истакнува дека создавањето игра е неверојатно динамичен процес – од првичната идеја, преку тестирање и прототипи, до финалниот дизајн и производство. Додава и дека „Кризико“ била посебен предизвик бидејќи барало многу истражувања за верно да се пренесе тогашната атмосфера.
„Првенствено во изгледот на самата мапа, а сега и во развивањето на сценариото. Процесот траеше неколку месеци интензивна работа, со постојано подобрување врз основа на повратните информации од играчите“, вели тој за „Биз лајф“.
Играта е базирана на популарната друштвена игра „Ризик“, но со неколку измени, со цел да се прилагоди на поранешна Југославија.