Креирана друштвена игра „Кризико“ – ризик за поранешна Југославија

Друштвените игри отсекогаш биле мост меѓу генерациите, потсетувајќи нè на важноста на поминување на време заедно и креативната забава. Ги зближуваат пријателите, членовите на семејството и го поттикнуваат натпреварувачкиот дух. Една таква игра создаде Милан Пешиќ – „Кризико“ која не враќа во некои минати времиња.

Во модерното време, кога дигиталните уреди заземаа централно место во нашите животи, Милан се стреми да не врати на маса. Тој е страствен креатор на друштвени игри. Со уникатниот проект „Кризико“, инспириран од сеќавањата на Југославија, Милан ги спојува носталгијата и образованието во динамична игра за целото семејство.

Во интервју за „Биз лајф“ тој открива дека целта на играта е да ги поврзе генерациите, за постарите да им раскажуваат на помладите како било некогаш, но и сите да се забавуваат.

Тој објаснува дека главна инспирација за играта му била носталгијата за Југославија, иако не живеел во тоа време.

Милан истакнува дека создавањето игра е неверојатно динамичен процес – од првичната идеја, преку тестирање и прототипи, до финалниот дизајн и производство. Додава и дека „Кризико“ била посебен предизвик бидејќи барало многу истражувања за верно да се пренесе тогашната атмосфера.

„Првенствено во изгледот на самата мапа, а сега и во развивањето на сценариото. Процесот траеше неколку месеци интензивна работа, со постојано подобрување врз основа на повратните информации од играчите“, вели тој за „Биз лајф“.

Играта е базирана на популарната друштвена игра „Ризик“, но со неколку измени, со цел да се прилагоди на поранешна Југославија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни