„Креативностa под притисок на ВИ: Дали машините ќе ги заменат уметниците?“

ВИ креира музика и дела кои се секому допадливи. Тоа е целта на Вештачката интелигенција – да направи производ кој ќе ви се допадне. Целта на уметникот, од друга страна е да креира дело ќе биде оргинално и понекогаш уметниците се толку брутални во оргиналност што не размислуваат дали на сите ќе им се допадне делото. И токму на тој начин се раѓаат најголемите дела на уметниците

Во денешната динамична креативна индустрија, вештачката интелигенција се повеќе се наметнува како моќен двигател на промени. Притоа се отвараат сериозни прашања: Дали ВИ може да ја замени човечката креативност? Може ли да ги замени музичарите, уметниците, дигиталните креатори? Дали треба да се плашиме од неа или да научиме како да ја користиме во светот на уметностите?

Дали ВИ може да ја замени креативноста?

Кога зборуваме за креативност, често мислиме на човечки креативен процес: инспирација, емоции, интуиција. Сепак, новите студии покажуваат дека ВИ може да генерира идеи кои човечкиот ум, во некои контексти, тешко би ги достигнал. Според истражување од Универзитетот во Ставангер , АИ-чатаботи како ChatGPT-3 и ChatGPT-4 покажале способност за создавање на алтернативни, неконвенционални употреби за секојдневни предмети и ги надминале луѓето во некои креативни задачи.

Но, способноста на ВИ да генерира идеи не значи секогаш дека тие идеи носат длабочина, човечка емоционална резонанца или оригинална перспектива. Како што наведуваат истражувачи во трудот „Generative AI and Creative Work: Narratives, Values, and Impacts“, доминантниот јавен дискурс често ја промовира ВИ како алатка за автоматизација и продуктивност, наместо да ја третира како вистински заменувач за човечката креативност.

Значи, одговорот е: Да и Не. ВИ има потенцијал да ја прошири и трансформира креативноста, но не може (барем засега) да ја наликува целосно човечката длабочина, чувства и интуиција.

Може ли ВИ да ги замени музичарите?

Ова прашање е уште посложно – затоа што музиката не е само ноти и ритам, туку израз на човечка душа. Но, ВИ веќе влегува во светот на музиката на различни начини.

-ВИ креира музика и дела кои се секому допадливи. Тоа е целта на Вештачката интелигенција – да направи производ кој ќе ви се допадне. Целта на уметникот, од друга страна е да креира дело ќе биде оргинално и понекогаш уметниците се толку брутални во оргиналност што не размислуваат дали на сите ќе им се допадне делото. И токму на тој начин се раѓаат најголемите дела на уметниците- велат музичари за Трн.

Истражување „Exploring the Impact of Artificial Intelligence on the Creativity Perception of Music Practitioners“ покажува како музичарите гледаат на користењето на АИ-алатки. Во анкетата, многу креатори изразиле и страв и надеж: тие ја признаваат помошта што АИ ја дава, но истовремено сметаат дека некои работи (како музички идентитет) не можат да бидат заменети. –

Исто така, според најновите трендови, АИ се користи како ко-креативен партнер и се применува во композиција, дизајн на звук, генерирање на текст и дури во живи перформанси или инсталации.

Сепак, некои компании веќе сигнализираат проблеми. На пример, Sony Music извести дека моралa да отстрани над 75.000 AI-генерирани „deepfake“ снимки од своите артисти како Хари Стајлс. Тоа покажува дека индустријата стравува од злоупотреба и од можни загуби на авторски приходи.

И уште поважно: многумина уметници реагираат против неовластено користење на нивниот глас во AI-проекти. Целин Дион јавно се пожали дека нејзиниот глас бил искористен без дозвола во AI-генерирани песни.

Значи, НЕ, ВИ веројатно нема да ги „искорени“ сите музичари – но создаваат се повеќе предизвици поврзани со авторски права, етика и идентитет.

Дали треба да плашиме?

Стравот од ВИ не е без основа – и многу креативци веќе го чувствуваат товарот.

Едно големо прашање е профитабилноста: според медиумски извори, ВИ може да ја намали профитабилноста на музичката индустрија?

Во Велика Британија, креативните индустрии организираа кампања „Make it Fair“, со цел да се спречи неетичкото користење на авторски дела од страна на AI компании без соодветна надоместна вредност. T

Сепак, не секој гледа само црно – многу музичари ја прифаќаат ВИ како соработник, не како непријател. Во интервјуа и студии, тие зборуваат за можноста за „нови звучни хоризонти“ и експериментирање што порано беше невозможен.

Значи, да – има причина за загриженост, особено од финансиски и етички аспект. Но, истовремено, ВИ може да биде моќен инструмент, ако се користи свесно и одговорно.

Како креаторите го користат ВИ?

Многу музичари денес ја користат ВИ како алатка, а не како „замена на себе“. Во истражувањето за миксинг („Adoption of AI Technology in the Music Mixing Workflow“), се покажа дека амaтерите често ја користат ВИ за да ја поедностават обработката на звукот. Полупрофесионалните и професионалните музичари сакаат поголем контролен аспект: сакаат алатки што им дозволуваат да ја прилагодат ВИ и да соработуваат со неа, наместо да бидат заменети.

И во нови научни трудови (на пример, „Supporting Creative Ownership through Deep Learning-Based Music Variation“) се демонстрира дека ВИ-алатките можат да ја негуваат сопственоста на уметникот над неговото дело. Музичарите внесуваат своја мелодија или идеја, па ВИ ја варира, но структурата и „личниот печат“ останува.

На тој начин, ВИ станува не толку замена, колку „партнер во креацијата“.

Тековна „ментална состојба“ и перспективи

Во моментот, индустријата е во преодна фаза. ВИ е навлезена во креативната сцена со голема брзина, но еден дел од уметниците остануваат резервирани. Некои ги прифаќаат новите алатки како можност, други се плашат за иднината на својата прехрана и идентификација.

Публикациите и научните трудови зборуваат за „дискурси“ – разни визии за тоа што значи креативност и каква улога има човечкиот труд.

На општо рамниште, се формира нов етички, правен и економски оквир: како да се заштитат уметниците, како да се регулира користењето на авторски дела во тренирањето на Модели на ВИ, и како да се вметнат јасни ознаки кога песните се генерирани или делумно генерирани со ВИ. На пример, Deezer, стриминг платформа, почна да ги означува песни направени со АИ.

Вештачката интелигенција дефинитивно ги турка границите на креативната индустрија, но не е едноставно прашање на „замена“ на човечките уметници. Наместо тоа, ја отвора можноста за ново партнерство – каде човечкиот талент, емоцијата и личниот допир се комбинираат со моќта на алгоритмите.

Фотографите ја прашаа ВИ дали се заменливи?

Ги прашавме и македонските фотографи – Дали може ВИ да ја замени нивната креативноист? А тие пак ја прашаа ВИ и целосно се согласија со нејзниот одговор.

​„Краткиот одговор кој го добија е НЕ, барем не во целост и не онака како што ја разбираме човечката креативност денес. ​Што може ВИ?– ВИ може да генерира дела кои изгледаат креативно со комбинирање на огромни количини на податоци (на пр. милиони слики или музички парчиња). Таа е одлична во имитирање, генерирање варијации и извршување сложени задачи врз основа на дадени параметри.

​Што не може ВИ?-Човечката уникатност: Креативноста кај луѓето произлегува од емоции, лични искуства, длабоко разбирање на човечката состојба, културни контексти, намерно кршење на правилата и потреба за комуникација на уникатен начин. ВИ нема намера, свесност или животно искуство зад своите дела. Нејзините „креации“ се резултат на алгоритми и статистика. ​ВИ е моќна алатка за зголемување и проширување на креативниот процес, а не за негово заменување.

​Дали може да ги замени уметниците?– ​Повторно, одговорот е веројатно не, но ќе ја трансформира нивната улога. ВИ веќе може да замени одредени технички или рутински вештини. Уметниците кои се потпираат само на овие вештини може да се соочат со предизвици.

​Уметноста е повеќе од производот; таа е намерноста и концептот зад производот.

​Дали уметниците треба да се плашат од ВИ?– ​Подобро е да се прилагодат отколку да се плашат. Наместо страв, уметниците треба да ја гледаат ВИ како моќен нов соработник или алатка“ вели ВИ за креативноста и фотографијата.

​Кога зборуваме за ВИ во креативните индустрии, клучна поента е дека уметниците кои ќе научат како да ја користат ВИ како четка во својот арсенал и ќе ја фокусираат својата работа на уникатност, концепт и значење (што ВИ не може сама да го создаде), ќе бидат оние кои ќе напредуваат во новата ера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни