Креативна работилница „Графичкиот дизајн како алатка за активизам“

Оваа работилница е за млади луѓе на возраст од 15 до 27 години и е одлична можност да ги претставите вашите ставови за општествени теми преку уметноста

На 23 ноември со почеток 10:00 часот во Public Room ќе се одржи Креативна работилница „Графичкиот дизајн како алатка за активизам“ со Небојша Гелевски – Бане.

,,Оваа работилница е за млади луѓе на возраст од 15 до 27 години и е одлична можност да ги претставите вашите ставови за општествени теми преку уметноста.Под водство на Небојша Гелевски – Бане, ќе создавате графички дизајни кои носат моќни пораки за активизам” велат организаторите.

Рок за пријавување: 20.11.2024

Учеството е бесплатно, но бројот на места е ограничен.

Пријава 🔗https://forms.gle/8UTL3G9e3nuw2VZg6

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни