Креативна дискусија за социјална инклузија на Вебинарот на Европскиот проект Superheroes

Проектот има за цел да ги поттикне младите да промовираат социјална инклузија преку идентификување позитивни примери во нивните заедници, користејќи ја уметноста во нејзините различни форми како инклузивно средство

На 19 септември, од 17:00 до 19:00 часот, ќе се одржи креативна дискусија на Вебинарот на Европскиот проект Superheroes.

Проектот е финансиран од Европската Унија и има за цел да ги поттикне младите да промовираат социјална инклузија преку идентификување позитивни примери во нивните заедници, користејќи ја уметноста во нејзините различни форми како инклузивно средство.

Ова е креативна соработка меѓу YEU Cyprus од Кипар, ЦМА КРИК и Monikom од Република Северна Македонија и Fondazione Zanandrea од Италија.

Ова е исклучителна можност за интеракција со партнери од Кипар, Северна Македонија и Италија и размена на идеи.

Вебинарот ќе опфати важни теми, вклучувајќи: Употребата на уметноста во анимациските активности за млади. Практикување уметност и вклучување на образовни компоненти. Создавање и користење на едукативни стрипови во социо-едукативни анимациски активности.

Вебинарот ќе се одржи на Zoom, на англиски јазик и ќе биде сниман.

,,Не ја пропуштајте оваа можност да се запознаете со иновативни пристапи кои ја зајакнуваат моќта на младите преку уметност” порачуваат организаторите.

Пријава на линк: https://forms.gle/eHDFBKCSMdm9LZLf9

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни