Крцкавите, тенки, колачиња од ореви за оваа празнична сезона, тешко е  да „застанете“ на едно

Почетокот на ноември секогаш е време кога почнуваме поинтензивно да размислуваме за новогодишните подароци и слатки, па сосема логично е да ви го пренесеме рецептот за навистина добри тост бисквити. И на почетокот важно е да се каже дека фирентинските колачиња или, како што уште се нарекуваат и кекси од тантела иако состојбките се едноставни, подготовката е малку посложена. Финтата е во печењето, треба да се печат на што поголема површина, со помал број на  бисквити. 

И покрај тоа што топчињата што ќе ги формирате  изгледаат мали, тие се топат за време на печењето.Можете да користите и некои други јаткасти плодови (да речеме, ф’стаци!), а кога ќе бидат готови можете да ги комбинирате  со омилениот сладок намаз или чоколадо. И можете да ги послужите токму такви какви што се, бидејќи дефинитивно ќе им се допаднат на сите и ќе бидат тотален хит меѓу сите колачиња што ќе ги ставите на трпеза оваа празнична сезона, дури и да не изгледаат најубаво. 

Ќе ви требаат: 

150 гр кафеав шеќер 

100 гр сечкани ореви 

50 гр семки од тиква 

115 гр путер 

85 гр мед 

20 гр бело брашно 

сол, малку ванила 

Подготовка: Најпрво во блендер ставете ги оревите и семките од тиква и сомелете ги речиси во брашно, но нека останат некои парчиња. Во тенџере се ставаат медот, путерот и кафеавиот шеќер и се варат додекане се раствори. Се трга од оган и се додава ванилата, солта и брашното. Потоа се заедсно измешајте ги оревите и семките. Оставете да се олади, а потоа ставете го во фрижидер, најмалку еден час, за да се стегне смесата. Направете топчиња со големина на грашок. Наредете ги на хартија за печење, но не претерувајте, на поголем сад за печење доволни се пет топчиња со голем простор меѓу нив. Печете ги шест до максимум десет минути или додека не добијат кафени рабови. Додека се уште се топли, извадете ја хартијата за печење со бисквитите од плехот и ставете ги на страна и оставете ги да се изладат. Кога се уште се топли, можете лесно да ги обликувате по желба (ако ја изгубиле формата при печењето). Оставете ги да отстојат пет минути, а потоа извадете ги од хартијата и целосно изладете ги. Послужете наросено со малку чоколадо и посипано со или нешто друго. Да се ​​чува во добро затворен сад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни