Додека некои адвокати забележуваат пораст на разводите по празниците, едно истражување вели дека март и август се всушност месеци кога брачните парови почесто раскинуваат. Барем така покажува студија од 2016 година, спроведена од Универзитетот во Вашингтон, пишува Њујорк Тајмс.
Авторите на споменатата студија ги анализирале сите примени барања за развод во државата Вашингтон од 2001 до 2015 година, по зимскиот и летниот одмор. Тие објаснија и кои се најверојатно главните причини за развод во тој период од годината.
„Луѓето имаат тенденција да им приоѓаат на празниците со зголемени очекувања, и покрај разочарувањата што можеби ги имале во претходните години“, вели Џули Бринс, вонреден професор по социологија и еден од водечките автори на студијата.
„Тие претставуваат периоди од годината кога има исчекување или можност за нов почеток, нешто поинакво, премин во нов период од животот. Тоа е како циклус на оптимизам, во извесна смисла“, додаде таа.
Извор: index.hr