Кражбата во галеријата Аполо во Лувр, траела цели седум минути

Француски министер информираше дека разбојници скршиле прозорец и влегле во галеријата Аполо

Разбојници скршиле прозорец и влегле во галеријата Аполо, кражбата траела седум минути
Разбојниците скршиле прозорец и влегле во галеријата Аполо, а им биле потребни седум минути за да го украдат накитот, објави француското Министерство за полиција, пренесува BBC.

Француското Министерство за внатрешни работи објави дека утрово неколку лица влегле во галеријата Аполо низ прозорец што го скршиле, пишува BBC.

Министерката за внатрешни работи Лорен Нињез изјави дека тројца или четворица крадци наводно користеле товарен лифт на камион паркиран пред зградата.

Откако влегле внатре, објавуваат медиумите, крадците украле накит од витрините, а потоа избегале со мотоцикли. Нињез вели дека грабежот траел седум минути.

Се подготвува прецизен список на украдени предмети.

Министерството објави дека предметите, покрај нивната комерцијална вредност, имаат непроценлива историска и културна вредност.

Да ве потсетиме дека музејот Лувр беше ограбен утрово, а крадците се во бегство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни