Кражба во Лувр: Украдениот накит внесен во базата на Интерпол

Интерпол денеска соопшти дека осум уметнички предмети, украдени во неделата на 19 октомври од музејот Лувр во Париз, официјално се внесени во меѓународната база на украдени уметнички дела (Stolen Works of Art database).
Фото: Pedro Szekely/Flickr

Според соопштението на Меѓународната организација на криминалистичката полиција, предметите се додадени во базата што содржи повеќе од 57.000 уметнички дела од целиот свет и претставува единствена глобална евиденција заснована на проверени полициски информации.

Интерпол исто така објави специјален постер со цел да ги алармира земјите членки и да помогне во пронаоѓањето на украдените предмети.

Потсетуваме, четворица провалници во неделата околу 9:30 часот наутро упаднале во прочуената Галерија „Аполон“ во музејот Лувр. Со помош на механички скали прикачени на возило, се искачиле до галеријата, го пресекле заштитното стакло и однеле девет предмети со непроценлива културна вредност. Еден од нив — круната на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III — бил пронајден на лице место, а се претпоставува дека провалниците ја испуштиле при бегството.

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни