Украдени 12 тони чоколади: исчезна камион со KitKat од Италија

Screenshot

Голема кражба ја потресе Европа откако камион натоварен со повеќе од 12 тони KitKat чоколади исчезнал за време на транспорт од Италија кон Полска. Станува збор за околу 413.000 чоколади, дел од нова линија производи поврзана со Формула 1, кои требало да бидат дистрибуирани низ европските пазари. 

Камионот тргнал од фабрика во централна Италија, но никогаш не стигнал до својата дестинација. И возилото и товарот сè уште не се пронајдени, а истрагата е во тек во соработка со локалните власти и партнери од синџирот на снабдување. 

Компанијата Nestlé, која стои зад брендот KitKat, предупреди дека оваа кражба може да предизвика недостиг на производите на пазарот, особено во пресрет на велигденските празници кога побарувачката за чоколади е зголемена. 

Дополнително, постои ризик украдените производи да се појават на неофицијални пазари. Сепак, од компанијата велат дека секое чоколадо може да се следи преку уникатни сериски (batch) кодови, што им помага на властите да ги идентификуваат украдените производи. 

Овој случај отвора пошироко прашање за растечкиот тренд на кражби на товар во Европа, кои стануваат сè поорганизирани и софистицирани, особено кога станува збор за вредни и лесно препродажливи производи како храна и електроника. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни