Краткотраен притвор за поранешниот министер Бектеши и уште 13 лица по трагедијата во дискотеката „Пулс“

Судот во Кочани им одреди 48-часовен притвор на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште 12 лица во рамки на предистрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 59 лица.
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од Основниот суд во Кочани потврдија дека доцна синоќа завршиле сите рочишта на кои била изречена оваа мерка, а Кривичниот совет одлучувал по поднесените жалби. „Основниот суд во Кочани продолжува да постапува по предлозите и барањата на Обвинителството“, изјавија од судот.

Бектеши е приведен поради нелегалната лиценца за кабаре што ја имала фирмата „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани за клубот „Пулс“, која била издадена на 13 март 2024 година, во време кога тој раководел со Министерството за економија. Документот бил потпишан од тогашната државна секретарка Размена Чекиќ-Дуровиќ.


Поранешниот министер беше спроведен во Судот во Кочани од полициската станица „Карпош“ во Скопје, каде што беше повикан на распит. Во тек е натамошната постапка за утврдување на одговорноста за трагичниот настан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни