Пушти-фати

Институциите покажаа несериозен однос откако Акиф Равманоски кој завчера беше помилуван од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денес, непосредно по излегувањето од затворот „Идризово“ беше уапсен за обид за убиство.

Како што соопштија од обвинителството, Равманоски, кого медиумите го поврзуваа со нарко-кланот „Барон“, со одлуката на претседателката извршеувањето на казна затвор му била заменета со условна казна, но тој се гони за ново кривично дело –  обид за убиство.

За него веќе била покрената претходна постапка во врска со оружениот инцидент што се случи на 14 октомври во Чаир.

„Вештачењата за присуство на барутни честички што беа извршени по наредба на јавниот обвинител ги потврдија првичните сознанија дека осомничениот со огнено оружје – пиштол испукал неколку истрели во правец на оштетениот со умисла да го лиши од живот и му нанел прострелна рана во пределот на ногата“ велат од обвинителството.

Обвинителството донело наредба за истрага на осомничениот и ќе бара од Кривичниот суд да му одреди мерка притвор.

За потсетување, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова помилува десет осуденици, меѓу кои беше и Равманоски, кој по објавувањето на одлуката јавно ѝ се заблагодари на Сиљановска-Давкова.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни