Ако знаете како да го зготвите оризот, тогаш лесно се готви. За жал, многу луѓе не знаат, па нивните јадења во комбинација со оваа храна никогаш не излегуваат како што треба. Eдна од најголемите грешки е поврзана со количината на вода.
Секогаш ставаат или премалку или премногу вода. А со тоа можете лесно да се справите. Не треба да пресметувате никакви математички формули, само запомнете ги советите на готвачот од Нов Зеланд, Енди Хернден, кој работел во ресторани со Мишелин ѕвездички.
Енди советува точната количина на вода да ја одредиме со помош на алатка која секогаш ни е при рака.
Буквално, тоа е користење на прстот. Поточно зглобот на прстот. Врвот на прстот треба да ја допира дното, а површината на водата првиот спој на прстот.
И тоа е тоа.