Краткиот филм „Избор“ на Марко Црногорски со две меѓународни награди

Краткиот филм „Избор“, во режија на Марко Црногорски, оствари значаен меѓународен успех освојувајќи ја наградата за Најдобар интернационален краток филм на фестивалот London Breeze Film Festival 2025.

Дополнително, филмот беше одликуван и со Специјална награда на жирито на International Festival of Short Fiction Films – Film Front во Нови Сад, што претставува уште едно признание за македонската авторска креативност и современата филмска естетика.

Во образложението на жирито стои:

„Поради сугестивното толкување на ликот на жена во патријархално и бирократизирано општество, преку суптилни глумечки нијанси со кои се постигнува силен емотивен врв – специјално признание се доделува на Сара Сандева за толкувањето на главната женска улога.“

Овој успех претставува уште една потврда за новиот филмски бран што се развива во Македонија – генерација млади автори кои преку храбри теми, современ визуелен јазик и длабоко човечни приказни ја позиционираат македонската кинематографија на европската и светската филмска сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни