Во експериментот од 2024 година, психологот Еди Брумелман и неговиот тим адаптирале таканаречена „fast-friends“ метода за родители и деца на возраст од 8 до 13 години. Родителите им поставувале длабоки и смислени прашања, како:
- Каде би сакал да патуваш и зошто?
- Кое е најчудното нешто што си го доживеал?
- Кога последен пат се чувствуваше сам и зошто?
Разговорите траеле само девет минути, но по нив, децата се чувствувале значително повеќе сакани и поддржани. Малите, секојдневни разговори, како прашања за омилена сладолед или филм, не произведувале ист ефект.
Истражувањето потврдува дека споделувањето лични мисли и чувства – процес познат како „self-disclosure“ – создава чувство на блискост и доверба. Во телото, ова активира систем на природни опиоиди, создавајќи чувство на задоволство и поврзаност со другите.
Методата, која првпат била користена кај возрасни, се покажала успешна и за семејства, но и во градење блискост помеѓу луѓе од различни групи, па дури и при учење на далечина.
Едноставниот совет од експертите: поставувајте значајни прашања, одговарајте искрено и дозволете им и на децата да прашуваат – тоа е краткиот пат до подлабоки и трајни врски.
Извор: BBC